Шведска ја совлада Швајцарија по изведувањето на пенали во финалето на Светското првенство во хокеј на мраз во „Ројал арената“ во Копенхаген за да ја одбранат титулата која ја освоија пред една година против Канада.
Откако мечот заврши 2:2 по продолжението, шведскиот голман Андерс Нилсон одбрани три пенали за „трите круни“ повторно да се светски шампиони.
Швајцарија беше огромно изненадување на турнирот, откако прво во полуфиналето ја елиминираа Канада, а и против Швеѓаните покажаа одлична упорност. Швајцарија поведе при крајот на првата третина преку Нино Нидерајтер, но Шведска бргу врати преку Густав Никвист.
Швајцарците повторно поведоа преку Тимо Маер, по што долго време го издржуваа притисокот на фаворитите, пред Мика Зибанејад да израмни во финишот на втората третина. По ова следуваа драматични продолженија без голови, иако Адам Ларсон ја погоди стативата.
САД ја победи Канада со 4:1 за да го освои бронзениот медал.