Top Sport

Швјонтек без шанси против Ализ Корне

Француската тенисерка, 44. на АТП листата, Ализ Корне, приреди сензација на Вимблдон. Во третото коло таа ја победи првата носителка Ига Швјонтек. Корне стави крај на неверојатната серија од 37 победи. во која се наоѓаше тенисерката од Полска. Ова е прв пораз на Швјонтек по четири и пол месеци.

Корне, ја победи Швјонтек со 6/4. 6/2 за 94 минути игра.

Интересно, ова е втор пат Корне да прекине неверојатна серија – таа ја прекина и серијата на Серена Вилијамс од 34 победи на Вимблдон пред осум години.

Во оваа победничка серија, која траеше 135 дена, Швјонтек освои шест титули во низа – Доха, Индијан Велс, Мајами, Штутгарт, Рим и Ролан Гарос.

Корне во осминафиналето ќе игра против Аља Томљановиќ која со 2:1 славеше во дуелот со Барбора Крејчикова.

https://twitter.com/Tennis/status/1543272402431393799

Scroll to Top