Првата носителка на Вимблдон Ига Швјонтек по голема драма успеа да се пласира во четвртото коло. Швјонтек по 184 минути игра ја победи Олимписката шампионка од Токио, Белинда Бенчиќ.
Најдобрата тенисерка во светот, спаси две меч топки во 12. гем од вториот сет и дури потоа ја скрши Бенчиќ.
На крајот Швјонтек славеше со 6/7, 7/6, 6/3. Светската број 1 прв пат во кариерата се пласираше во четвртфиналето на Грен слем турнирот во Лондон.
За место во полуфиналето, швјонтек ќе се бори со Украинката Елина Свитолина. Сопругата на гаел Монфилс, по голема драма ја победи Викторија Азаренка. Азаренка го доби првиот сет со 6/2, Свитолина возврати во другиот со 6/4. На крајот Свитолина го доби драматичниот супер тај-брејк во третиот сет со 11:9.