Top Sport

Симон Бајлс ги предводеше Американките до нова светска титула (видео)

Американската гимнастичарска суперѕвезда Симон Бајлс имаше блескав настап во тимското финале на СП во Штутгарт, предводејќи ги САД до петт последователна тимска титула.

Повеќекратната светска и олимписка шампион Бајлс беше речиси совршена во своите четири рутини, надаополнувајќи за неискуството на своите помалку искусни колешки кои направија низа грешки на разбојот и гредата.

22-годишната Американка имаше неверојатно тешки рутини со највисок скор во три од четири дисциплини, со што се промовираше во апсолутна фаворитка за златото во повеќебојот, дисциплина во која веќе има три титули. Таа посебно беше импресивна на гредата со двоен-двоен доскок и со неверојатената тројна-двојна комбинација на партер (првпат направена на едно СП).

Ова е рекорден 21. медал за Бајлс на Светските првенства и 15-ти златен медал.

Среброто отиде кај Русија со речиси шест поени заостанување, додека Италија беше далеку на третото место со 164.796 поени.

Scroll to Top