Италијанецот Јаник Синер без борба му го предаде четвртфиналниот меч на турнирот во Барселона на сонародникот Лоренцо Музети.
Причина за повлекувањето од турнирот во Каталонија се болките во грбот, кои се последица на интензивното играње на Италијанецот во претходниот период.
Синер прво играше на бетон во финалето на Мајами, а потоа се префрли на земјена подлога и стигна до полуфиналето во Монте Карло.
Музети неочекувано доби ден одмор, а во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот меѓу Стефанос Циципас – Алекс Де Минор.