Единствениот биолошки син на боксерската легенда Мухамед Али тврди дека неговиот татко би го презирал „расистичкото“ движење „Black Lives Matter“ бидејќи тој секогаш ги поддржувал сите раси и не сакал да издвојува никого.
„Мојот татко би кажал: ’Тие се само ѓаволи, сите животи се важни’“, вели Мухамед Али Јуниор во интервју за „Њујорк пост“.
47-годишниот Али Јуниор исто така тврди дека најголемиот би го поддржувал Доналд Трамп, откако претходно додека беше жив ги поддржуваше демократот Џими Картер и републиканецот Роналд Реган.
„Не се важни само црните животи, туку и белите животи, и кинеските животи, сечиј живот е свет! Господ ги сака сите, никогаш не двои никого. Полицијците не се будат наутро и велат денеска ќе убијам црнец, туку се обидуваат да се вратат безбедно кај семејството“, додава Али Јуниор.
Muhammad Ali’s son says dad would have hated ‘racist’ Black Lives Matter https://t.co/HeCg2RgHqe pic.twitter.com/vuMkFRXkOW
— New York Post (@nypost) June 20, 2020