Top Sport

УФЦ: Миочиќ го стопираше Кормиер за да ја врати тешкашката круна (видео)

Американецот со хрватско потекло Стипе Миочиќ го шокираше Даниел Кормиер во нивниот ри-меч на УФЦ 241 во Анахајм, Калифорнија за да ја вратиа титулата во тешка категорија во главното шоу на вечерта.

Кормиер имаше подобар старт и актуелниот шампион во првите рунди беше поактивниот и фајтерот кој упати повеќе удари, посебно кога го собори Миочиќ. Но, за разлика од првиот дуел на УФЦ 226 минатиот јули, Миочиќ беше подготвен да ги прифати ударите и во „шампионската“ рунда откако ги загуби првите три рунди почна да го удира Кормиер во телото и ова беше победничка стратегија.

Шампионот почна да го губи гардот и Миочиќ го собори Кормиер и ја врати УФЦ титулата во тешка категорија. По мечот, тој призна дека го префрлил фокусот од ударите во глава во удари во телото намерно.

„Знаев дека ќе го повредам. Знаев дека ништо не е загубено“, изјави Миочиќ.

Кормиер, пак, го пофали Миочиќ за „одличното прилагодување“, по што призна дека ќе разговара со своето семејство пред да одлучи дали да продолжи со борбите.

Scroll to Top