Top Sport

Ситуацијата со Ѓоковиќ станува политичка, се јави српскиот претседател

Ситуацијата околу недозволувањето на Новак Ѓоковиќ да влезе во Австралија за настап на првиот гренд слем од новата тениска сезона почнува да станува и политичка, откако се јави и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Ѓоковиќ веќе шест часа е на аеродромот во Мелбурн, каде што чека одлука дали ќе биде пуштен во земјата со „медицинско оправдание“ за невакцинација за КОВИД, или ќе биде вратен дома.

Вучиќ вели дека контактирал со Ѓоковиќ и презема мерки да се стави крај на „малтретирањето“ на тенисерот.

„Само што завршив телефонски разговор со Новак Ѓоковиќ. Му порачав дека цела Србија е зад него, дека нашите власти преземаат мерки за престане малтретирањето на најдобриот тенисер на светот што е можно побргу. Во согласност со сите норми на меѓународното јавно право, Србија ќе се бори за Новак Ѓоковиќ, правдата и вистината“, напиша Вучиќ.

Scroll to Top