Top Sport

Скандал на Тур д’Франс – Шајки фрлени на патот за време на втората етапа

За време на втората етапа на овогодинешниот Тур д’Франс забележани се голем број проблеми со дупнати гуми, а причината за тоа што на патото биле фрлени шајки, беше откриено по завршувањето на етапата.

Тренерот на Џамбо-Визма, Гриша Нирман, потврди дека шајки имало на патеката од Виторија до Сан Себастијан, особено на искачувањето до Чаискабел на 36 километри до целта.

Бранителот на титулата Јонас Вингегор беше меѓу возачите кои мораа да ги сменат велосипедите, додека Том Пидкок од Инеос заврши четврти со мало оштетување на гумата.

Францускиот велосипедист Лилиан Калмежан објави видео на социјални мрежи на кое се гледаат пет шајки забиени во неговата предна гума.

„Благодарам за ова срање. Мислам дека не сум единствената жртва на ова. Знајте дека можеме да паднеме и тешко да се повредиме, морони“, поеача Калмежан.

Според некои информации 15 возачи имале проблеми со дупнати гуми.

Трката продолжува во понеделник со етапата долга 193,5 километри од Амборие-Ехан до Бајон, на која најголемата трка во светот ќе влезе во Франција по стартот во Шпанија.

Scroll to Top