Top Sport

Сноубордерот Грилц загина во Зелден

Австриската полиција потврди дека, вчера во ски-центарот Зелден, се случила несреќа во која загинал сноубордерот од Словенија, Марко Грилц (38).

Агенцијата АПА, објави дека Грилц во Зледен снимал промотивно видео за овој познат ски-центар. Во текот на еден спуст, Грлиц паднал и удри во карпа покриена со снег.

И покрај укажаната лекарска помош и реанимацијата, Грлиц починал.

Марко Грилц бил најполуларниот сноубордер од Словенија, победник на бројни меѓународни натпревари и еден од пионерите на снимањето на спортски филмови.

Во последната деценија направил многу за популаризацијата на овој спорт.

Scroll to Top