Top Sport

Бензема осуден во „случајот Валбуена“

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема е виновен во „случајот Валбуена“. Судот, претпладнево го казни Бензама, со едногодишна условна затворска казна и парично со 75.000 евра.

„Случајот Валбуена“ е од 2015 година. Бензема бил еден од луѓето кои вршеле притисок врз Валбуена да им плати на уценувачите, за тие да не ја објават во јавноста неговото порно видео.

Снимката била украдена од мобилниот телефон на Валбуена.

Во текот на изрекувањето на пресудата Бензема не бил присутен, Тој се наоѓа во Молдавија, каде Реал вечерва ќе му гостува на Шериф во Лигата на шампионите.

Scroll to Top