Top Sport

ВАР во Србија од 2021 година

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) потврди дека во Суперлигата од наредната сезона ќе се користи видео-технологијата (ВАР).

„Од сезоната 2021/2022 во Суперлигата ќе се користи ВАР. Од октомври 2019 година завршен е голем дел од работите. Практично се направени сите неопходни чекори за имплементација на ВАР системот од наредната сезона“, рекол генералниот секретар на ФСС, Јован Шурбатовиќ.

Тој дополнил дека во моментов ФСС собира понуди за купување на потребната опрема и нејзино имплементирање во ВАР центарот кој ќе биде во седиштето на ФСС во Стара Пазова.

Наскоро ФСС ќе започне и со обука на судиите околу примената на новата технологија.

„Во септември оваа година ќе започне континуираната обука на судиите која ќе трае се до септември 2021 година. ФСС има шест мина меѓународни судии со ВАР лиценца, а откако ќе ја набавиме опремата и го средиме ВАР центарот оваа есен очекувам да ја потпишеме и ВАР декларацијата со ФИФА“, заклучил Шурбатовиќ.

Scroll to Top