Снуп Дог, Др.Дре и Еминем ќе настапат во полувремето на 56.Супербоул, објави Националната фудбалска лига. Супербоул натпреварот, најгледаниот спортски настан во САД, ќе се одржи на 13.февруари 2022 година во Лос Анџелес.
Покрај Снуп Дог, Др. Дре и Еминем ќе настапат и Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар. Овие музичари заедно имаат добиено 43 Греми награди. Тие никогаш досега не настапиле заедно.
„Можноста да настап на Супербоул и тоа во мојот „двор“, ќе биде едно од најголемите возбудувања во мојата кариера“, напишал Др. Дре на социјалните мрежи.