Top Sport

Софија Гоџа со хет-трик во Лејк Луис

Италијанката Софија Гоџа покажа дека ги надминала сите физички проблеми, победувајќи на првата супер-џи трка од Светскиот куп оваа сезона, и комплетирајќи го хет-трикот победи во канадскиот ски-центар Лејк Луис, како прва дама со ваков успех по Линдзи Вон во 2015 година.

Гоџа, која во петокот и саботата имаше убедливи спусташки победи, овојпат се задоволи со тесна победа со време од 1:18.28, за само 0.11 секунди пред светската шампионка во дисциплината, Швајцарката Лара Гут-Бехрами. Австријката Мирјам Пухнер, која беше трета на првиот спуст, повторно беше на подиумот пред сонародничката Тамара Типлер.

„Ова е најдобрата победа овие три дена. Си кажав дека ќе одам до максимум и со огромна брзина. Не верував дека можам до победа во супер-џи и кога го видов зеленото светло ќе пукнев“, вели Гоџа.

29-годишната Италијака ја отвори сезоната со второ место во Вал Д’Изер, по што имаше четири победи во низа пред да добие сериозна повреда на коленото во јануари.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');