Италијанецот Лоренцо Сонего во фантастичен меч, се врати од два сета негатива за со 5:7/0:6/6:3/7:6(5)/6:3 да го елиминира седмиот носител на Ролан Гарос, Русинот Андреј Рубљов.
Кога го загуби вториот сет без освоен гем за помалку од половина час, изгледаше дека патот на италијанскиот тенисер во Париз завршнува, но потоа тој успеа да се врати во третиот сет, за да го добие драматичниот тај-брејк во четвртиот сет и на крајот да стигне до победа по 3 часа и 45 минути.
Следен противник на Италијанецот е уште еден Русин, Карен Хачанов, кој со 6:4/6:1/3:6/7:6(5) го совлада Австралиецот Танаси Кокинакис за своја 20. победа на гренд слемот на земја.
Хачанов, кој самиот се врати од два сета негатива во првото коло против Констант Лестиен, беше далеку поагресивниот тенисер во првите два сета, преземајќи ја контролата на мечот. Но, Кокинакис потоа се врати со ипресивен трет сета, за да сервира за четвртиот при 5:4. 27-годишниот Хачанов не се откажа и спаси сет-топка, за пото во тај-брејот да се врати од 2:4 за да ја запечати победата по три часа и 44 минути.