Top Sport

Сопругата го брани Ѓоковиќ за „мистериозните“ пијачки

Јелена Ѓоковиќ во разговор на Твитер застана во одбрана на својот сопруг Новак Ѓоковиќ откако повторно се појави темата за „мистериозните“ пијачки кои ги зема српскиот тенисер за време на мечевите.

Снимката на која неговиот физиотерапевт Улисес Бадио му подготвува пијачка на Ѓоковиќ за време на Мастерсот во Париз додека неговиот тим „го штити“ од љубопитните очи доби над 15 милиони прегледи на Твитер. Ова не е првпат да има прашања околу „витаминскиот“ пијалок на тенисерот, но овојпат се вмеша и неговата сопруга.

„Прашувам зошто има потреба за толку голема тајност околу содржината на пијалокот и дека тоа иззгледа сомнително. Затоа толку луѓе го гледаа видеото“, беше запрашана Јелена, откако посочи дека постои „тајна агенда“ против Ноле.

„Не гледам ништо сонмително. Гледам луѓе кои се обидуваат да останат приватни за своите работи во свет каде што сите сметаат дека имаат право да впераат камера. Да ја сакаш приватноста денеска значи да си сомнителен. Тој ќе зборува кога ќе биде подготвен“, одговори Јелена.

Како познат поборник на алтернативната медицина, исхрана и здравје, Ѓоковиќ за време на Вимблдон оваа година беше забележан како инхалира прашок.

Scroll to Top