Французинот Алексис Пинтуро имаше речиси совршено второ возење за да стигне до тесна победа на велеслаломот во Гармиш-Партенкирхен во неделата. Пинтуро беше четврти по првото возење, но со само 0.18 секунди зад сонародникот Лоик Мејар, но ја запечати победата во второто возење.
„Беше многу тесно и тешко да се скија на зармзнатиот снег, но решив дека морам да одам до максимум и тоа се исплатеше“, изјави 28-годишниот Пинтуро по трката.
Мејар заврши на второто место со 0.16 секунди послабо време, додека Норвежанецот Леиф Кристијан Нестволд-Хауген беше трет со 0.24 секунди заостанување.
Со победата, Пинтуро се искачи на второто место во генерален пласман во Светскиот куп со 822 поени, зад Хенрик Кристоферсен со 877. Во велеслалом, Словенецот Жан Крањец е лидер со 315 поени, пред Кристоферсен со 289 и Пинтуро со 272 поени.