Top Sport

Србија без Ѓоковиќ на АТП купот

Светскиот рекет број1, Новак Ѓоковиќ, нема да игра на АТП купот во Сиднеј. Ова репрезентативно натпреварување ќе започне на 1.јануари.

„Новак 99 отсто нема да патува на АТП купот. Тренира овде (Белград) и реши да го пропушти ова натпреварување“, објави српски „Блиц“, повикувајќи се на извор близок до најдобриот светски играч.

Покрај Ѓоковиќ, АТП купот, ќе го пропушти и селекторот на Србија, Виктор Троицки.

Србија во Сиднеј ќе настапи во состав: Филип Крајиновиќ, Душан лајовиќ, Матеј Сабанов, Никола Ќаќиќ и Никола Милојевиќ.

Репрезентацијата на Србија во Сиднеј ќе игра против Норвешка, Чиле и Шпанија.

Новак се откажа од учеството на АТП купот, но не значи дека подоцна нема да отпатува во Австралија, каде на 17.јануари ќе започне првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен во Сиднеј.

Scroll to Top