Top Sport

Давид Дејвис е новиот предводник на Вардар 1961

Давид Дејвис Камара во пролетниот дел од сезоната ќе го предводи тимот на Вардар 1961. Шпанецот по пауза од три години се враќа во Скопје 45 годишниот тренер по заминувањето од Скопје беше селектор на Египет и три години го тренираше Веспрем. Давид Дејвис на функцијата доаѓа на местото на Веселин Вујовиќ.

Дејвис во периодот од 2014 до 2018 година беше помошник на Раул Гонзалес. Беше дел од тимот кој ја освои првата европска титула во 2017 година.

“Задоволен сум што брзо го решивме прашањето на тренер. Имавме многу понудени опции и повеќе познати тренери, и им благодарам на сите кои изразија желба да бидат дел од Вардар. Се решивме за Давид Дејвис поради фактот што тој веќе претходно беше во Скопје како дел од Вардар, познава дел од играчите и работел со нив, нема јазична бариера бидејќи зборува и македонски, и претходно работел во систем и со систем кој донел одлични резултати. Покрај работата со првиот тим, Дејвис ќе биде задолжен и за координација со младите селекции на Вардар. Со ангажирањето на Дејвис нашите цели за сезонава остануваат исти“, изјави за клупската интернет страница претседателот на клубот, Михајло Михајловски.

Вардар 1961 подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе ги започне на 10 јануари.

Scroll to Top