Top Sport

Сребро за Петков на јуниорското ЕП во карате

Глигор Петков (+76 кг) го освои вториот сребрен медал за Македонија на Европското карате првенство за кадети, јуниори и младинци до 21 во Алборг, Данска. Во финалето Петков е поразен од Ирецот Крин МекКарти со 8-0.

Јуниорскиот репрезентативец на Македонија на патот до среброто забележа четири победи и тоа против: Јоханес Корпела (Финска) 1-0, Пав Хаструп (Данска) 0-0, Томас Коса (Словачка) 1-0 и Сергеј Калинин (Русија) 4-1.

Ова втор медал и второ сребро за македонија на шампионатот во Данска. Вчера, сребрен медал во кадетска конкуренција Бојан Костов.

фото/ipon.mk

Scroll to Top