Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан е сигурен дека 15-кратниот гренд слем шампион ќе ги помине и Рафаел Надал и Роџер Федерер по бројот на гренд слем титули.
Шпанецот Надал има 17 гренд слем трофеи, додека Федерер е засега рекордерот со 20 големи трофеи, но Срѓан Ѓоковиќ вели дека по седмиот триумф на Новак на Австралија опен, ништо не е недостижно.
„Неговата желба е до крајот на кариерата, до која има уште неколку години, да ги помине Надал и Федерер. Едноставно е премногу амбициозен и премногу добар да не го направи тоа. Да не беше повредата ќе беше многу блиску, но и вака е тука. Верувајте, тој ќе успее“, вели Срѓан Ѓоковиќ.