Top Sport

Српската маратонка Јевтиќ нападната на трка во Софија

Српската маратонка Оливера Јевтиќ беше нападната на трката на 10 километри во рамки на маратонот во Софија, Бугарија. На стартот на трката, непознат човек во тренерки влета меѓу тркачите, пред со рамо да ја собори Србинката.

Таа ја загуби свеста и имаше модринка на главата, но за среќа избегна посериозна повреда.

„Веднаш ми беше јасно дека не се работи за нормално туркање за време на стартот, туку дека тој човек има намера да ме повреди. Не знаеме кој е, а полицијата во Софија почна со истрагата. Никој не знае зошто го направи тоа“, вели Јевтиќ за српскиот „Спортски журнал“.

Scroll to Top