Top Sport

Српски ММА борец убиен во Белград

Стефан Савиќ, (23), репрезентативец на Србија во ММА е убиен претходната вечер во Белград.

Освојувачот на бронзен медал на Светското првенство во ММА од ноември минатата година.

Убиството се случило ноќта меѓу саботата и неделата во 00:54 часот во центарот на Белград. Савиќ е пронајден со убодна рана.

„Курир“ објави дека повикувајќи се на изјава на очевидец, напаѓачот го прободел во пределот на срцето, а потоа продолжил и избодел уште едно лице во близина.

Српскиот борец со години се занимава со ММА и го тренирал овој спорт од 14-годишна возраст.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');