Македонските одбојкари не ги искористија своите многубројни шанси, посебно во последниот четврти сет, за со пораз да го стартуваат настапот на Европското првенство во одбојка, дебитирајќи на големите натпреварувања со 1:3 (23:25, 22:25, 25:23, 21:25) пораз од Финска.
А почетокот беше одличен, откако во првиот сет имавме предност од 20:16, но дозволивме Финците да израмнат и да го освојат сетот, по што лошата низа продолжи и во вториот сет. Сепак, дека „спартанците“ не се на ЕП случајно, тие покажаа во третиот сет, кога успеаја да се вратат од негатива и да го освојат. Во последниот сет, едноставно се пропуштија многу шанси и се дозволи Финците да се одвојат и да стигнат до победа.
Репрезентативците утре го продолжуваат шампионатот со дуелот со Турција, која претходно успеа да му земе еден сет на фаворитот Русија, но на крајот беа поразени со 3:1 (25:13, 23:25, 25:17, 25:15).
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ОДБОЈКА
ГРУПА А
Бугарија – Грција 3:0 (25:22, 25:16, 25:20)
Португалија – Италија 0:3 (21:25, 10:25, 22:25)
Франција – Романија 20.45 ч.
ГРУПА Ц
Турција – Русија 1:3 (13:25, 25:23, 17:25, 15:25)
Финска – Македонија 3:1 (25:23, 25:22, 23:25, 25:21)
Словенија – Белорусија 20.30 ч.
North Macedonia lost, but fought back in their debut at #EuroVolleyM ?and good blocking and great defence being the key factors for @FinnVolleyBall ?? take the vitory. Check the match centre for details: https://t.co/S7SioRMzRf pic.twitter.com/YNKi4Yrm8u
— EuroVolley (@CEVEuroVolley) September 12, 2019
Фото: ЦЕВ