Top Sport

Стивенс повторно ја победи Киз за финале во Париз

Слоун Стивенс ја продолжи својата совршена низа против пријателката, американската сонародничка Медисон Киз, за со 6:4/6:4 победа да се пласира во финалето на Ролан Гарос.

Во прво американско полуфинале на Ролан Гарос од 2002 година, 10. носителка Стивенс по третпат во три дуели ја победи Киз во реприза на минатогодишното финале на САД опен. Стивенс досега го немаше минато четвртото коло во Париз, а сега ќе се бори со двократната финалистка, Романката Симона Халеп во саботното финале.

Без разлика на исходот од тој меч, 25-годишната Стивенс ќе стане прва Американка во топ 5 на ВТА листата по Линдзи Девенпорт (инаку тренер на Киз) во 2006 година.

„Секогаш е тешко да играш против Американка и добра пријателка, но задоволна сум од тоа што го покажав. Ова секогаш бил еден од моите омилени турнири и едвај ја чекам саботата. Мерси Париз, же т’ем“, изјави Стивенс по победата.

Дали ќе има „трета среќа“ за Халеп во финалето на Ролан Гарос

Scroll to Top