Стојанче Стоилов и Јана Георгива се најдобри спортисти на Македонија за 2017 година во изборот кој го организираше Агенцијата за Млади и спорт.
Стоилов е капитен на ракометниот клуб Вардар кој оваа година стана европски шампион, а со репрезентацијата избори пласман на Европското првенство.
„За мене ова е голема чест да се добие оваа награда, пред се дека многу врвни спортисти ја имаат добиено истата. Сепак, ракометот не се игра сам, па затоа сакам и да им се заблагодарам на соиграчите од клубот и од репрезентацијата на Македонија, кои ми помогнаа да го постигнам овој успех – изјави Стоилов.
Наградата најдобра спортиска на Македонија за 2017 година ја доби каратистката Јована Георгиева, која освои бронзен медал на Европското првенство во Коџаели, Турција.
„Голема чест ми е што сум тука, особено кога најуспешната моја година ја завршувам со оваа плакета. Благодарам на сите кои веруваа во мене, на тренерот, пријателите, на тие што секогаш се крај мене. Пресреќна сум“, изјави Георгиева.
Најдобрите спортисти на Македонија за 2017 година:
Најдобар спортист: Стојанче Стоилов (ракомет)
Најдобра спортистка: Јована Георгиева (карате)
Најдобар тренер: Раул Гонзалез (ракомет)
Најуспешна спортска федерација: Ракометната федерација на Македонија
Најуспешен машки национален тим: Ракометната репрезентација на Македонија до 21 година
Најуспешен женски национален тим: Ракометна репрезентација на Македонија – кадетки
Најсупешен спортист со инвалидитет: Андреј Стојаноски (пливање)
Најдобра млада спортистка: Симона Симовска (карате)
Најдобар млад спортист: Петар Заборски (карате)
Специјални награди: Кирил Лазаров (ракомет), Дејан Георгиевски (теаквондо)
Најуспешен универзитетски спортски колектив: Женски тим на карате на Универзитетот Кирил и Методиј
Најуспешен училишен спортски колектив од средни училишта: СОУ Никола Карев – Струмица
Најуспешен училиштен спортски колектив од основни училишта: ОУ Страшо Пинџур – Кавадарци