Top Sport

Принцот бин Салман извиси – Clear TV ќе го купува Њукасл

Кралското семејство на Саудиска Арабија, на чело со принцот Мохамед бин Салман, повеќе не е единствен кандидат за купување на фудбалскиот клуб Њукасл.

Понуда за преземање на сопственоста испратил и Хари Морис, првиот човек на британската ТВ компанија „Clear TV“. Морис би сакал да го преземе клубот пред да започне наредната сезона.

Морис дури и испратил повисока понуда од принцот бин Салман, тој сака да го купи клубот за 350 милиони фунти, додека Саудијците понудиле 300 милиони евра.

Преземањето на Њукасл од страна на принцот бин Салман наиде на пречки пред еден месец кога се појавија обвинувања дека Саудиска Арабија со помош на илегален ТВ канал го краде сигналот за пренос на натпреварите од Премиерлигата и дека тие натпревари во оваа земја се емитуваат бесплатно.

Scroll to Top