Top Sport

Хари Кејн ќе потпише нов договор со Тотенхем

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е подготвен да потпише нов долгорочен договор со клубот. Приоритет за 29-годишниот Англичанец е да продолжи да игра за Тотенхем и да го обнови договорот кој истекува во летото 2024 година.

Германските медиуми пред десетина дена најавија дека постои можност напаѓачот на Тотенхем да стане играч на Баерн Минхен во летото 2023 година. Според информациите на Островот, за Кејн е заинтересиран и Челси, но, сепак, тој размислува само за победи и за трофеи со тимот на Тотенхем.

Хари Кејн целата кариера ја помина во Тотенхем. За лондонскиот тим има 254 гола на 395 натпревари. Кејн трипати беше најдобар стрелец во Премиерлигата и двапати беше прогласен за играч на сезоната.

Scroll to Top