Светската тенисерка број 5, Украинката Елина Свитолина најави дека нема да патува на ВТА турнирите во Кина најмалку следните две години поради стравувањето од корона вирусот.
АТП и ВТА турнеите се под „пауза“ до 13 јули, и Свитолина вели дека тој датум е нереален бидејќи различни земји се во различна фаза на распространување на болеста.
„Можно е да играме тенис оваа година, но мислам дека тоа ќе биде после септември. Секоја држава на поинаков начин го организира карантинот така што очекувам да има подолга пауза. Кина е веќе опоравена, така што можеби ќе не повикаат таму, но не сум сигурна дека би сакала да одам таму во следните две години“, вели Свитолина.
Свитолина во моментов е во „самоизолација“ во Швајцарија со нејзиното момче, тениската ѕвезда Гаел Монфис. Минатата година, ВТА финалето се оддржа во Шенжен, каде што Ешли Барти ја победи Свитолина за да добие рекордни 4.42 милиони долари.