Мајк Тајсон е толку загрижен да биде сакан и славен што неговата сопруга смета дека тој „ќе се убие“ доколку фановите не му кажат здраво на улица.
Боксерската легенда честопати зборуваше за својата борба со депресијата и со злоупотребата на дроги и алкохол во славната кариера, а дното го достигна по пензионирањето во 2005 кога западна во долгови. Во последното интервју Тајсон признава дека неговата трета сопруга Лакиха Спајсер ја знае неговата ранливост.
„Ќе ви кажам нешто што воопшто не и се допаѓа на мојата сопруга. Таа вели дека ако излезам на улица и никој не ми каже здраво ќе се самоубијам. Јас цел мој живот барам признание од другите, би се убил за признание“, вели Тајсон.
? Remarkable honesty from Mike Tyson as he opens up about his celebrity status and the attention he gets from fans…
[? Charlie Mack] pic.twitter.com/EUuEdEIGUb
— Michael Benson (@MichaelBensonn) June 20, 2020
53-годишниот боксер претходно изјавуваше дека без поддршката од сопругата би се убил и дека без неа е само „бесно животно“.
„Без сопругата, јас сум само бесно животно. Како што стареам гледам поинаку на жените. Кога бев помлад, за мене беа само задоволство. Сега се другата половина. Ме прават да сфатам дека сум маж и во овој дел од животот ми се учители. Ако мажот не се плаши од неговата сопруга барем малку, тогаш не живее исправно“, вели Тајсон.