Top Sport

Тајсон би прифатил меч со Јутјуберот Џејк Пол

Иако во последните неколку години сме виделе многу бизарни мечеви во боксерскиот ринг, можноста легендарниот 55-годишен Мајк Тајсон да влезе во рингот со Јутјуберот со голема желба да стане респектабилен боксер, Џејк Пол, можеби би ги надминало сите граници.

Тајсон во разговор со Себастијан Џозеф-Деј и Џо Роган, со доволно мариухана со нив, откри дека би се согласил на меч со Пол, бидејќи тоа би привлекло огромен број на заинтересирани луѓе.

„Еј, знаете што, во моментов Џејк Пол е попрофитабилен од шампионите. Тој носи најверојатно 80 милиони луѓе со себе“, вели Тајсон.

Кога Роган му посочува дека се работи за меч помеѓу млад Јутјубер и еден од најголемите тешкаши во историјата, Тајсон дава прагматичен одговор.

„Ми се допаѓа! Тоа звучи олично. Ајде, Џејки, дај понуда. Нели тоа би било кул. Грижа ми е да не направи некоја глупост и да заврши во затвор пред да се случи таков меч“, вели Тајсон.

Scroll to Top