Top Sport

Спалети: Јас сум одговорен за менталитетот на Наполи, Емполи се Оксфорд за калчо!

Лучано Спалети вели дека одговорноста за неверојатниот колапс на Наполи против Емполи е негов бидејќи тој го гради менталитетот на клубот, откако „партенопеи“ имаа 2:0 водство кое го испуштија во осум минути во финишот за 3:2 пораз.

„Можам само да забележам што се случи. Тешко можеше да се замисли ваков крај, но кога немате вистински интензитет и концентрација, лесно примате голови. Неизбежно, одговорноста е кај тренерот. Нешто не беше како што треба. Ќе ги понесам сите последици, а клубот ќе направи проценка за мојата работа на крајот на сезоната. Работиме заедно речиси една година и би требало да имаме изградено менталитет. Бевме во трка за скудетото, имавме квалитет за скудетото, но ако ова е нашето ниво, ќе ги сносиме последиците“, изјави Спалети.

Иронично, ова беше неславно враќање за Спалети на местото каде што ја почна кариерата. Тој дебитираше во клубот во април 1994 година како преоден тренер, а го нарече Емполи „Универзитетот Оксфорд за калчо“, откако таму произлегоа и Маурицио Сари и сегашниот тренер Аурелио Андреацоли, кој му беше помошик на Спалети во Удинезе и Рома.

„Како да се враќаш на факултет кога си пораснал. Емполи е еден од најдобрите универзитетит на калчото, бидејќи оттука дојдоа многу големи фудбалери и тренери, дури и пред моето време. Ова е Оксфорд универзитет за калчо“, изјави пред мечот Спалети.

Пресврт на годината – Емполи од 0:2 за осум минути до 3:2 победа над Наполи!

Scroll to Top