Легендата на светскиот бокс, Мајк Тајсон вели дека постои една чудна причина зошто тој никогаш не би успеал да биде добар ММА фајтер – неговите стапала.
Тајсон во своите најдобри денови беше „ѕвер“ во боксерскиот ринг, доминирајќи како никој дотогаш, но вели дека тоа не значи дека би бил добар УФЦ фајтер.
„Не знам дали би можел да успеам во УФЦ, бидејќи кога гледам УФЦ мечеви, гледам дека тие се стапнуваат на стапалата. А, јас ги имам најлошите стапала на светот, и ако некој ме згазне, тогаш веднаш би се предал. Затоа, не баш…“, вели Тајсон.
Тајсон е близок пријател со претседателот на УФЦ, Дејна Вајт. 53-годишниот Амрериканец во интервјуто за „Џи кју“ исто така зборуваше за својот (не)славен меч со Ивандер Холифилд, кога му одгриза дел од увото во 1997 година, но се правдаше дека тоа било од фрустрација од постојаните удари со глава на противникот.