Мајк Тајсон одбил огромна понуда од 18 милиони долари за меч во бокс без ракавици со ММА легендата, Бразилецот Вандерлеј Силва.
Шпанска „Марка“ тврди дека 53-годишниот Тајсон ја одбил „лудата“ понуда на „Бер накл ФЦ“ федерацијата поради тоа што планира да се врати во традиционалниот бокс и не го интересираат мечеви без ракавици или ММА дуели.
Неговиот тренер Рафаел Кордеиро вели дека на американскиот великан не му е целта да заработи многу пари и дека сака да се врати во спортот во кој стана легенда.
„Тајсон сака меч со бокс со ракавици. Кога почнавме да тренираме си помислив: ’Боже!’ Не знаев што да очекувам од човек кој нема ставено ракавици повеќе од 10 години. Не го очекував тоа што го видов, таа брзина, таа моќ“, изјави Кордеиро.
Training with the legendary @kingsmma_hb and the watchful eye of Uncle Mike. #C4 ???+? pic.twitter.com/KOkOnYq3Fy
— Henry Cejudo (@HenryCejudo) June 10, 2020