Егзибицискиот меч меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор рано утринава заврши нерешено. По мечот, кој имаше хуманитарен карактер, двајцата изгледаа добро и беа насмеани.
„Ова е подобро отколку борба за шампионски појас. Ние сме сега хуманитарци. Можеме да направиме нешто за светот. Мора ова да го повториме“ рече Тајсон.
„Челичниот“ кој сега има 54 години се врати во рингот по пауза од 15 години, но во неколку наврати му зададе на Џонс силни удари, како во најдобрите денови.
„Ударите во тело дефинитивно си го направија своето. Задоволен сум со ремито. Можеби и ќе можеме ова да го повториме“ рече Џонс.
И Тајсон имаше што да додаде на ова:
„Те погодив со неколку добри удари и ги издржа. Го почитувам тоа“.