Top Sport

Тајсон со другарите месечно пуши марихуана вредна 40.000 долари

Боксерската легенда, Мајк Тајсон открива дека месечно пуши марихуана вредна 40.000 долари на неговиот ранч во Калифорнија, каде што канабисот е легален и тој го одгледува за продажба.

53-годишниот поранешен апсолутен шампион во тешка категорија открива дека заедно со своите пријатели и познаници пуши огромно количество на трева.

„Колку пушиме месечно? Да, околу 40 илјади долари. Десет тона трева секој месец“, признава Тајсон.

Тајсон одамна е познат како љубител на марихуаната, а по легализацијата во Калифорнија влезе во бизнисот, купувајќи огромен ранч во близината на Долината на Смртта. Тој открива дека месечно продава марихуана во вредност од 500.000 долари на продавниците во Невада и Калифорнија.

 

View this post on Instagram

 

#MikeTyson reveals he smokes $40K of weed monthly ??? #twobeestoldme

A post shared by Two Bees Entertainment ?? (@twobeesent) on

Scroll to Top