Мајк Тајсон можеби има 53 години, но уште еднаш покажа дека не ги загубил своите боксерски движења, откако на Инстаграм објави видео на спаринг со неговото куче, Марс.
„Челичниот“, како и сите во време на корона вирусот, е „заглавен“ дома со своето куче и најде начин да се забавува.
„Му попуштив“, напиша Тајсон на посебниот Инстаграм акаунт формиран за кучето.