Мајк Тајсон своите кинески фанови ги почести со ново видео на кое се гледа неговата неверојатна моќ и брзина пред боксерскиот камбек, ветувајќи им дека ќе се бори со „духот на Мао Цетунг“.
53-годишниот Тајсон има тетоважа од лидерот на кинеската револуција, и тој се приклучи на кинеската социјална мрежа Веибо за да ги поздрави Кинезите.
„Еј, јас сум Мајк Тајсон и сега сум на Веибо. Ќе ви кажам ако има можност да се вратам во рингот ќе се борам со духот на Мао“, вели Тајсон пред да упати неколку удари во воздух покажувајќи дека е во одлична форма.
Видеото на Тајсон може да се погледне на веб-страната на „Сан“ тука.