Top Sport

Тампа Беј ја освоија НХЛ лигата

Хокеарите на Тампа Беј Лајтинг го освоија Стенли купот по пауза од 16 години. Избраниците на тренерот Џон Купер во финалната серија ги победија Далас Старс со 4:2. Шестиот меч им припадна на Тампа Беј со резултат 2:0. Ова е втора титула за Тампа Беј во историјата.

Тампа Беј Лајтинг на патото до титулата ги победија Колумбус Блу Џекитс, потоа најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Бостон Бруинс, Њујорк Ајландерс и во големото финале Далас Старс.

Победата на Тампа Беј во шестиот меч ѝ ја донесоа Брејдан Поинт со голот во првата третина и Блејк Колман кој погоди во втората третина. Играч на мечот беше голманот Андреј Василевски со 22 одбрани.

Трофејот Кени Смит наменет за најкорисен игра во финалната серија му припадна на Виктор Хедман.

Scroll to Top