Top Sport

Тарјеи Бо со прва победа по четири години

Тарјеи Бо стигна до првата победа од Светскиот куп во биатлон по повеќе од четири години, по триумфот на 10-километарската спринтерска трка во Естерсунд, Шведска, три дена откако неговиот помлад брат Јоханес Тингнес Бо триумфираше на 20 километри индивидуално.

Норвежанецот го совлада актуелниот шампион од Светскиот куп, Французинот Мартин Фуркад за 0.7 секунди, додека третото место го освои Германецот Ерик Лесер со 3 секунди послабо време. Тројцата на подиумот имаа по едно промашување на стрелиштето.

Бо последен пат победи, ако не се сметаат штафетите, во февруари 2013 година на 10 километарскиот спринт во Беитостолен.

За Фуркад второто место беше доволно да стане нов лидер во генерален пласман со 102 поени, 12 повеќе од Јоханес Бо, кој беше 11. во саботната трка.

 

Scroll to Top