Top Sport

Татишвили ги загуби парите од Ролан Гарос поради „играње под професионалните стандарди“

Ана Татишвили ги загуби 50.000 долари кои требаше да ги добие за настапот на Ролан Гарос поради „играње под професионалните стандарди“ при поразот во првото коло од Гркинката Марија Сакари со 6:0/6:1.

Американката со грузиско потекло го играше својот прв меч од октомври 2017 година, но загуби од Сакари за само 55 минути, откако се опоравуваше од третата операција на скочниот зглоб во 2018 година. Таа успеа да влезе на Ролан Гарос користејќи го таканаречниот „заштитен рејтинг“ (беше поранешна тенисерка број 50), но правилата на ИТФ велат дека е можно да се казни тенисер или тенисерка доколку не доволно подготвен/а да игра.

Овие правила се сменети во последните години за да се спречи тенисерите да влегуваат во првото коло на гренд слем турнирите повредени за да ја добијат целосната награда. Татишвили може да жали на одлуката, но прво ќе мора да ја плати казната.

Scroll to Top