Срѓан Ѓоковиќ, таткото на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ вели дека „97 отсто од Србите“ го поддржуваат тенисерот, додавајќи дека тој е „пратен од Бога“ во најлошото време во историјата на Србија.
60-годишниот Ѓоковиќ сениор вели дека неговиот син ќе ги освои потребните три гренд слем титули и ќе ги помине ривалите Рафаел Надал и Роџер Федерер во следните година и пол, и тогаш ќе мора да биде признаен за најдобриот тенисер во историјата. Тој додава дека Ноле е „боженство“ во Кина, Индија, Русија, Бразил и Африка и дека е симбол на радоста на нацијата по воените случувања во минатото.
„За 97 отсто, тој е член на српското семејство. Има фрустрирачко малцинство кое смета дека е премногу космополитски настроен. Го одгледувавме Новак во најтешкото можно време во Србија, мачени од бомбардирањето на НАТО. На крајот се исплатеше, бидејќи тој работи напорно, бидејќи е патриот и бидејќи е најдобриот спортист на светот. Не само во тенисот. Во најлошото време за српскиот народ, тој беше пратен од Бога. За мене лично, тој го продолжи животот за неговиот дедо. Во Бања Лука, каде што живееше дедото Нола, се гледаше секој натпревар. Секогаш беше нестрплив кога Новак играше и тоа му го продолжи животот неколку години“, вели Срѓан Ѓоковиќ.