Откако Конор Мекгрегор и шефот на УФЦ, Дејна Вајт најавија дека мечот кој „сите сакаат да го видат“ е реваншот на Мекгрегор против Хабиб Нурмагомедов, неговиот татко и тренер, Адбулманап за руските медиуми даде јасно до знаење што ќе биде потребно за ова да се оствари – „само“ 100 милиони долари.
Зборувајќи за рускиот „РИА новости“, Абдулманап посочи дека за меч се потребни многу пари.
„И ние треба да му се одмаздиме на Конор, но нека ни дадат прво 100 милиони долари. Денот по мечот со Тони Фергусон, нека ни ја дадат таа сума и потоа може да зборуваме за одмазда? Не знам, можеби на Дејна Вајт му е толку потребен тој меч“, изјави Абдулманап.
Самиот Нурмагомедов постојано зборуваше дека не гледа зошто би влегол во меч со Мекгрегор повторно, оценувајќи го мечот со Серон, како тој од „ниските лиги“. Дагестанецот изјави дека Мекгрегор треба да има 10 победи во низа за да биде во било каква позиција да бара меч. Сумата од 100 милиони долари која ја споменува Абдулманап, секако е „удар“ на фактот што Мекгрегор доби релативно ниски 3 милиони долари за триумфот над Серон.