Top Sport

УФЦ: Чимаев вети дека „ќе го убие“ Мершерт

Швеѓанецот со чеченско потекло, Хамзат Чимаев вети дека ќе му „ја скрши фацата“ на американскиот ривал Џералд Мершерт кога ќе се сретнат во кафезот во сабота, во првиот американски меч на Чимаев.

Чимаев го изнервира ривалот откако си направи планови за тоа кој ќе му биде следниот противник во УФЦ, велејќи дека „нема да биде во состојба“ да оди по нивниот меѓусебен меч. Чимаев откри дека двајцата имале средба во хотелот во Лас Вегас пред мечот.

„Му кажав дека зборува премногу, а тој ми кажа дека не го почитувам. Му одговорив дека ќе му ја скршам фацата и тој не кажа ништо. Подобар сум во борење, во удирање, никој нема да сопре. Не знам што ќе се случи во сабота навечер, но одам сто отсто да го убијам тој човек. Ќе го завршам“, вели Чимаев.

Чимаев стана еден од највозбудливите УФЦ фајтери откако двапати победи во 10 дена во различни тежински класи во јули, по што претседателот на УФЦ, Дејна Вајт осигура тој да добие американска виза.

Scroll to Top