Top Sport

ТдФ: Луценко со соло-победа на Мон Ајгуал

Казахстанаецот Алексеј Луценко е победник на шестата етапа на Тур де Франс, првиот планински финиш по 191 километар од Ле Тел до Мон Ајгуал по соло трка, додека Адам Јејтс останува лидер во генерален пласман и покрај нападо од Жулијан Алафилип.

Луценко (Астана) се покажа како најсилен од групата од осум велосипедисти кои се одвои на етапата низ планините на Масиф Сентрал, и направи соло трка на претпоследното искачување на Кол де ла Лузет, за своја прва етапна победа на Тур де Франс. Шпанецот Хезус Ерада (Кофидис) беше втор со 55 секунди заостанување, додека трет беше Белгиецот Грег ван Авермет (ЦЦЦ).

Јејтс остана лидер во генерален пласман, откако не се случи најавената пресметка на ривалите за победа во генерален пласман, иако Алафилип успеа да врати една секунда од неговата предност откако вчера беше казнет со 20 секунди и ја загуби жолтата маичка. Јејтс има три секунди предност пред Примож Роглич (Џамбо-Висма), додека Тадеј Погачар (УАЕ Тим Емирати) е трет со уште четири секунди заостанување. Алафилип е на 16. место со 15 секунди послабо време.

Scroll to Top