Top Sport

ТдФ: Шестата етапа за Мартин, Ван Авермет ја задржа жолтата маичка

Даниел Мартин, велосипедист на тимот УАЕ, победи на шестата етапа на „Тур д’Франс“, што во должина од 181 километри се возеше од Брест де Мур до Бретањ.

Ирецот беше најсилен на кратката нагорнина, на етапата и заслужено стигна до победата на шестата етапа. Второто место му припадна на домашниот натпреварувач Пјер Латур, додека на третото место се пласира Алехандро Валверде од Мувистар тимот.

Во групата во која беше Валверде го немаше бранителот на титулата Крис Фрум, тој во целта влезе со осум секунди послабо време од победникот на етапата.

Во генералниот пласман и понатаму води Грег ван Авермет, тој има три секунди подобро време од Герант Тома и пет од ти Џеј Гардерен.

Наредната, седма етапа е долга 231 километар од Фожере до Шатер, а на програмата е в петок.

Scroll to Top