Продолжува истргата со која треба да биде разоткриен системот на местење натпревари во тенисот. Истражувањата на германските медиуми „ЗДФ“ и „ВЕЛТ“ покажуваат дека во системот има еден германски тенисер, но и играч од Топ 30 на АТП листата.
Германските медиуми наведуваат дека истрага се води против „Макс Х“, кој не сакал да одговори на прашањата. Исто така вмешан бил и играч кој во кариерата освоил неколку АТП титули.
Се наведува дека во системот на местење биле вмешани околу 135 тенисери од целиот свет. Истрагата траеле повеќе од една година, а вклучува бројни држави како Белгија, Шпанија, Франција и САД. Американскиот ФБИ ги контактирале белгиските истражители.
„Во овој случај се работи за мрежа на ерменската мафија која прави масовни измами ширум Европа. Таа мафија е структуирана, има луѓе кои се одговорни за сметките, луѓе задолжени за „прење на парите“ и луѓе задолжени да воспостават контакт со играчите“, рекол заменик јавниот обвинител на Белгија, Ерик Бископ.
Стотици помали суми на пари се вложуваат на наместените мечеви, а од секој меч заработката била по неколку десетици илјади евра. Како што пишуваат германските медиуми тенисот е плодна почва за местење бидејќи во овој спорт се вртат големи пари, а бидејќи спортот е индивидуален не се потребни многу луѓе за да се намести меч.
„Постојат професионалци во Топ 50 што местеле мечеви. Не можете да кажете дека се мести само на малите турнири. Не се мести на сите нивоа“.
Резултатите од истрагата треба да бидат објавени во наредните неколку месеци.