Британката Франческа Џонс е на една победа од пласман на главниот турнир на Австралија опен, откако ја победи Хрватката Јана Фет во второто коло на квалификациите, фантастичен успех ако се знае дека 20-годишната Џонс е родена со три прсти и палец на двете раце, три прсти на нозете на едното стапало и четири на другото.
Џонс прво ја совлада Романката Моника Никулеску во понеделникот за прва победа во квалификациски турнир за гренд слем, за потоа да се избори за 7:6(7)/2:6/6:1 победа над Фет. Првиот сет траеше 69 минути, пред во третиот Џонс да одигра речиси совршено за дуел со Кинеската Лу Џија-Џинг за пласман на главниот турнир.
Уште поимпресивно за Џонс, таа е само една од петте Британки кои го поминаа првото квалификациско коло во Мелбурн.
N E V E R G I V E U P ?
Francesca Jones proves that Ectrodactyly Ectodermal Dysplasia does not define her as she move one step closer to the @AustralianOpen main draw ?
— ITF (@ITFTennis) January 12, 2021