Top Sport

Тениски судија суспендиран за „пуштање“ на девојче кое ги носи топчињата (видео)

Италијанскиот тениски судија, Џанлука Москарела е суспендиран откако и се „пушташе“ на девојката која ги собираше топчињата на Челенџ турнирот во Фиренца.

Москарела беше „фатен“ на видео како и вели на девојката: „Многу секси!“, по што ја прашуваше: „Дали си жешка, физички или емоционално? Или двете?“.

Инцидентот се случи за време на мечот помеѓу Педро Соуса и Енрико дала Вале и не беше единствен пример на скандалозно однесување на Москарела – додека Дала Вале беше на тоалет-пауза тој го охрабруваше Соуса.

„Остани фокусиран. 2 минути и готово е, требаше да победиш со 6:1/6:1 имаше 45 брејк топки“, му вели Москарела на Соуса.

Од АТП потврдија дека Москарела е суспендиран додека не заврши истрагата.

Scroll to Top