Доминик Тим вели дека финалето на Австралија опен е само почеток на тениската сезона во која очекува многу, пред камбекот на терените во вторник во Рио де Жанеиро.
Австриецот загуби во трилер-меч од пет сета од светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн, а сега се враќа на својата омилена земјена подлога на Рио опен, каде што е прв носител и почнува против домашниот тенисер Фелипе Мелигени Родригеш Алвеш.
„Се чувствувам одлично по резултатот во Мелбурн, во кои имав две пеколни недели, победувајќи тројца топ 10 момци и губејќи од Новак со 6:4 во петтиот сет. Не ми е проблем трансферот на земјена подлога. Кога играм на земја е како да се враќам дома. Ми се допаѓа Јужна Америка со атмосферата и имам две титули во Буенос Аирес“, вели светскиот рекет број 4.